Креации на Златко Јовановски на „Harbin Fashion Week” во Кина


Македонски креации на Златко Јовановски се најдоа меѓу креациите на дизајнери од целиот свет во Кина. Заедно со дизајнери од Сингапур, Азија, Кореа, Русија, Романија, Австрија, Германија, Шпанија, Австралија, Франција…. своите креации ги претстави на “Harbin Fashion Week”.

– За мене како дизајнер и творец на мојот бренд значи многу што токму моето име беше избрано за специјално меѓу дизајнери од целиот свет. Бев поканет во Кина. Тие ја виделе мојата колекција презентирана на “LondonFashionWeek” и организаторите беа фасцинирани од мојата сценичност, уникатност и екстравагантност. Тие ми поставија прашање како тоа не сум светски познат со тоа што го работам и творам, а јас се насмеав и кажав дека за многу кратко време и тоа ќе се случи, вели Јовановски по враќањето од Кина.

Изразува задоволство од организираноста на ревијата. Вели имав три асистентки и срцето ми беше исполето кога видов дека моите модели ќе чекорат на писта долга 40 метри че има многу осветлување, чад во позадината и филмот кој што беше подготвен специјално за оваа колекција од Марина Трајковска што беше презентиран на 20 м2 лед екрани внатре и 40 м2 лед екрани надвор на отворено.

Истакнува дека му се понудени уште доста проекти во други држави и оти мора паметно да одлучи кој ќе му биде приоритет. За време на престојот во Кина, посочи, дека дал интервју и за познатиот моден магазин „Вог“ каде неговата колекција нашла место.