Кралска свадба во замокот „Виндзор“: Хари се жени со Меган

Англија- Утре Велика Британија ќе биде во фокусот на светската јавност. Во замокот Виндзор се жени принцот Хари (32) со разведената американска актерка Меган Маркл (35).

Свадбата ќе чини околу 32 милиони фунти, според сервисот за планирање свадби „Брајдбук“, кој предвиде и трошок од 30 милиони фунти за обезбедување.

И покрај фактот што свадбата на Хари и Меган не се одржува во центарот на Лондон, проценетите трошоци се поголеми поради зголемената опасност во Велика Британија, по серијата напади во изминатите 18 месеци, како и ризикот што произлегува од врската на принцот Хари со британската војска. Уште еден фактор што го прекршува законот е планот за повеќе од 2.000 луѓе од јавноста да присуствуваат на прославата во замокот Виндзор.

На свадбата на Меган и Хари, се поканети 600 гости, без политичари.  Невестата нема да има деверици, туку таа „улога“ ќе им припадне на сите деца, вклучувајќи ги и принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Војвотката од Кембриџ, Кејт, ќе присуствува на свадбата, но без новородениот принц Луис. Мајка и на Меган ќе ја запознае кралицата, Чарлс и Камила непосредно пред венчавката. Татко и не доаѓа на свадбата зашто закрепнува од операција на срце. На венчавката ќе присуствуваат и братот и сестрите на Дајана.

Кралското семејство ќе ја плати свадбата. Двојката ќе го одложи медениот месец за летниот период.

Идната принцеза Меган Маркл ќе носи венчаница од модното дуо „Ралф и Русо“, во вредност од околу 100.000 фунти.Трошоците за венчаницата ќе ги подмири кралското семејство. Меган ќе има уште еден фустан, полежерен, кој ќе го носи на забавата после црквената церемонија.

Двојката веќе најави дека не сака класични свадбени подароци, туку објави листа на добротворни организации што двајцата ги поддржуваат.

На кралската венчавка ќе се користи софтвер со вештачка интелигенција (AI) за препознавање на лица за време на преносот од свадбата.Тоа значи дека како што ќе пристигнуваат гостите, нивните имиња и информации врзани со нив ќе се емитуваат во преносот.