Кралска свадба во Белград: Се жени Филип Живојиновиќ, посинокот на Лепа Брена

Србија– Во Белград во тек е најозоруваната свадба во регионот. Се жени Филип, синот на екстенисерот Бова Живојиновиќ и посинокот на лепа Брена со пејачката Александра Пријовиќ. Во домот на Лепа Брена денес е највесело, а младенците со кочија пристигнале во црквата каде што го кажаа судбоносното „ДА“.

На венчавката во Белград се поканети гости од цел свет, ќе служат 160 келнери, додека една од најскапите ставки беше изнајмувањето на 120 соби за дел од гостите во еден од најлуксузните белградски хотели.

Идните младенци ангажирале приватно обезбедување, од кое 60 телохранители ќе ги чуваат гостите, додека келнерите ќе служат повеќе од 900 луѓе на прославата.

На менито ќе има има познати специјалитети, од хрватското рибно мени, а од Црна Гора морски плодови, додека од Босна скара. Двојката веќе го потпиша предбрачниот договор.

Филип е син на Бобан Живоиновиќ од претходната, долгогодишна врска со девојката Зорица која живее во Словенија, ама живее со останатите два полубрата и со балканската ѕвезда Лепа Брена во нивниот луксузен дом во Белград.