Кралската двојка дебитираше на славните коњски трки: Меган Маркл на „Ројал Аскот“ во „Живанши“

Англија– На славните коњски трки кои се организираат во Британија, познати како „Ројал Аскот“, се појави и Меган Маркл во друштво на сопругот, принцот Хари. Војвотката од Сасекс избра бел фустан-кошула со црни детали на „ „Живанши’ со мала чантичка од истиот бренд и шапка на славниот Филип Трејси. Француската модна куќа ја дизајнираше и венчаницата на Меган.

„Ројал Аскот“ е еден од најгламурозните настани во Велика Британија  каде што жените имаат можност да носат неверојатни креации на шапки.

Секоја година на овој традиционален настан можат да се забележат откачени и уникатни модели кои ги отсликуваат последните трендови. Според правилата на самиот настан секоја дама мора да носи шапка, па затоа тие се трудат да носат што поинтересно уметничко дело на својата глава.