Кој ракометар има најсекси жена? (ФОТО)

Голманот на хрватската ракомента репрезентација, Мирко Алиловиќ ја има најзгодната сопруга меѓу играчите што настапуваат на Европското првенство што се одржува во моментов во Хрватска. Читателите на спортските портали цела Европа ја избраа 35-годишната Ива за апсолутен победник, по што порталите од регионот побрзаа да „откријат“ која е и со што се занимава новата мис на ЕП 2018. Магистер е по економија, со Мирко се во брак од 2011 година, имаат две деца. За себе вели дека е скромна и обична жена, која не сака да излегува и сака да му се посвети на семејството. Особено се нервира кога за себе ќе слушне дека има силикони на градите и на усните. Напротив, тврди дека се кај неа е природно.