Кој, колку нафта произведува на Балканот?

Албанија е најголем производител на сурова нафта на Западен Балкан со вкупно производство од 21.000 барели дневно.
Србија е на второ место со 20.560 барела производство на дневно ниво, се наведува во извештајот на атинскиот институт за енергетика на Југоисточна Европа, пренесува АТА.

Во анализата се наведува дека дневната потрошувачка на нафта во Албанија изнесува 24.000 барели, додека пак Србија троши по 76.000 барели секој ден.

Хрватска има иденична потрошувачка на дневно ниво како Србија, но според податоците на овој институт, Хрвтска произведува помалку нафта, односно 18.000 барели дневно.

На широкото подрачје на Југоисточна Европа, суровата нафта во помала количина произведува Бугарија со 3.600 барели дневно и Грција со 1.900 барели на дневно ниво.

Додека во регионот убедливо доминира Романија со 103.000 барели сурова нафта дневно, а позади нејзе е Турција со 61.000 барел дневно.