Која има поскапа тијара: Кејт или Максима?

Англија– Кралицата Максима (47) од Холандија, со сопругот, кралот Вилијам- Александер пристигна во прва официјална посета на Англија. Облечена по последна мода, ја пречека кралицата Елизабета Втора која успеа да ја бакне во двата образа.

До свадбата во 2002 година, Максима, родена во Аргентина имала успешна кариера во светот на финансииите. Била специјален пратиеник на генералниот секретар на Обединетите нации за инклузивни финансиси за развој. Со сопругот имаат три ќерки.

Лани, доживеа лична трагедија, кога помалата сестра Инес се самоуби, една година по смртта на татко им, но по 10 дена од трагедијата, мораше да им се врати на обврските.

На државната вечера во нивна чест во Бакимгенската палата што ја организираше кралицата Елизабета Втора, кралицата Максима се појави со скапоцена тијара “Стјуарт“ украсена со едно од најретките дијаманти во светот. Со розова боја, некогаш му припаѓала на англискиот крал Вилијам Втори и кралицата Мери Втора. Дијамантот е вратен на Холандија по нивната смрт, во 1702 година. Дијамантот за време на 400-те години доживеал различна судбина. Бил брош, па дел од ѓердан, па потоа дел од тијара опкружен со 22 помали дијаманти. На крај завршува во  сопственост на бабата на кралот Вилијам -Александер.

Кралицата Максима претходно тијарата ја носеше лани, на државната вечера во Луксембург.

Принцезата од Кембриџ на банкетот во Бакимгенската палата во чест на кралската двојка од Холандија Вилијам –Александер и Максима, блесна со тијарата на принцезата Дајана „Ловер нот“ од дијаманти и бисери, подарок од кралицата Елизабета Втора за свадбата со принцот Чарлс во 1981 година.