Котески: Македонија можe да се гасифицира за две години

Неблагодарно е да даваме рокови, но за две години можеме да имаме гасификација во Македонија доколку општините работат на процесот паралелно со Македонски енергетски ресурси, вели директорот на МЕР Благојче Котески.

– МЕР го развива транспортот и го носи гасот до главната регулациска станица во градовите, а оттаму самите општини ќе треба да преземат иницијатива, да ја средат потребната документација и да овозможат структура која ќе ја врши дистрибуцијата во градската средина. Ако овие две активности се вршат паралелно, значи додека ја градиме националната мрежа, а општините го почнат својот дел, кој за нив стартуваше од 18-ти декември, ќе имаме ситуација во која ќе бидеме благопријатно изненадени од брзината на гасификацијата на државата, вели Котевски.

Во Македонија досега се гасифицирани само Струмица и Куманово, а во Скопје, посочува, за жал, иако има гас 20 години, поради одредени да не речам профитерски интереси, диструбуцијата за гасификацијата не е направена. Имаме и ситуација кај Крива Паланка, која не е гасифицирана, а покрај неа поминува главниот гасовод веќе 20 години.

Котевски потенцира дека е донесен гас до блок станица Штип и оти до јануари 2020 година треба да се стаса до Битола, а во тој период ќе може да бидат гасифицирани и Прилеп, Неготино и Кавадарци.Активностите на првото градилиште Блок станица 5 до Неготино, се при крај и се реализирани 84-85 проценти. Предвидениот рок, средината на декември, како што вели е надминат, а како проблем ги наведува експропријацијата, но како што вели и пристапот на претходната власт кон МЕР.За второто градилиште на потегот од Неготино до Битола, во должина од 40 километри, во периодов додека нема градежни активнисти на терен се подготвува документацијата за решавање на имотно-правните односи за, како што посочува, подготвени да влезат во градежната сезона. За третото градилиште ЛОТ 5, од Скопје кон Гостивар со крак за Тетово, од изведувачите е побарано да достават документација за да може да се решавааат имотно-правните односи за овој потег.

– Спорните места во однос на самиот проект ќе се решаваат паралелно со градбата на планираните 45 километри, за да можеме во 2019 година да влеземе со решени имотно-правни односи и чиста ситуација на терен и таа година да ни биде исклучиво за градба, вели Котевски и додава дека следната година освен имотно-правни односи ќе треба да се решаваат и недостатоци во однос на проектната документација која ја затекнале.

Според Котевски, од новата власт има позитивна клима за проектот за гасификација на државата, за годинава се одобрени 32 милини евра исклучиво за градба на почнатите проекти, и дополнителни околу 10 милиони евра за решавање на имотно-правни односи.