Костим за капење со порака: Сакај го своето тело

САД-Четири жени со потполно различни облици на телото облекле ист број на костим за капење, со што испратиле моќна порака. Плус сајз манекенката Сони Тарнер објавила фотографија на Инстаграм на која позира со колешките Бриел Анјеа, Бела Голден и Џорџија Гибс.

На фотографијата, четирите девојки носат едноделен костим за капење на кој стои пораката “love. your. body” односно “сакај го своето тело”. Она што манекенките сакале да го нагласат е дека фотографиите не се ретуширани.

“Убавината и телата доаѓаат во различни облици, големини и типови. Оние кои не се согласуваат со тоа, живеат во 19-ти век”, напишала Сони Тарнер.

“Погледнете колку сме различни, но сепак на некој начин сме еднакви. Позитивен совет: престанете да ја гледате убавината во другите, гледајте ја во себе. Личноста покрај вас можеби е преубава, но тоа не значи дека вие не сте. Без оглед на величината, обликот или етничката припадност, секоја жена треба да се чувствува најдобро на плажа”, додала Сони.