Косовците со српски возачки дозволи нема да преполагаат за косовски
Косовското министерство за внатрешни работи одлучи сите државјани на Косово, кои поседуваат српски возачки дозволи издадени до 2016 година, може да ги сменат со косовски без да преполагаат.
Заменик-министерот за внатрешни работи на Косово, Милан Радојевиќ, изјави дека оваа одлука е многу значајна за Србите на Косово, кои се најмногубројни со српски дозволи.
Тој додаде дека одлуката е значајна доколку се земе предвид слободното движење на Србите од Косово кое е директно условено од поседувањето лични документи.
Тој нагласи дека со одлуката се опфатени сите оние кои возачки испит положиле до 14 септември 2016 година,кога,во Брисел,е потпишан последниот договор за слободно движење.