Косовската влада го одложи зголемувањето на платите за државните службеници

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај го одложи зголемувањето на платите за високи државни претставници по бранот критики во јавноста.

Тој изјави денеска дека владата чека одлука на Уставниот суд за тоа прашање.

Косовската агенција за борба против корупцијата соопшти вчера дека нема законска основа за одлуката на владата да зголеми значително плати на високи државни службеници. По тоа, триесет пратеници побараа мислење од Уставниот суд за прашањето.

На крајот на декември Владата донесе одлука за зголемување на платите со што двојно ги зголеми месечните примања на премиерот на 2.950 евра, додека во државата просечната плата е 354 евра.