Косово му забрани на српскиот министер Вулин да учествува на прославата на Видовден

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, доби забрана од косовските власти да присуствува на прославата на големиот српски православен празник Видовден во Газиместан.

Веста за порталот kallxo.com. ја потврди министерот за надворешни работи на Косово, Бехџет Пацоли.

Запрашан во врска со официјалните претставници од Србија кои побарале дозвола да влезат на косовска територија за утрешната манифестација, Пацоли рече дека единствено на Вулин, кој е и поранешен директор на Канцеларијата за Косово во српската Влада, му е забранет влезот во Косово.