Кортни Кокс: Заостанував во сексот, невиноста ја изгубив на 21 година

Американската актерка Кортни Кокс гостувајќи во емисијата „The Late Late Show” на водителот Џејмс Корден му откри дека невиноста ја изгубила на 21 година.
„Не знаев ништо за сексот, мојата мајка не разговараше со мене за сексот. Веројатно тоа не треба да го кажувам, но ќе ви откријам дека бев девица до 21 година. Милам дека на тоа може да бидам горда“, вели Кортни.
Раскажа дека била подолго време во врска со едно момче и дека мајка ѝ, откако сфатила дека уште некое време ќе биде со него во врска ѝ испратила чипкана долна облека.
„Ми прати долна облека за да ја „испробам својата женственост“. Се викаше Олга и имаше повеќе чипка од памук, но   беше многу поубава од таа што ја носев. Заостаната бев по тоа прашање“, вели Кокс искрено.
Кортни Кокс, во моментот, е во врска со Џони Мекдајд, пејачот на групата Snow Patrol.