Корисни совети: како да останете здрави во зима

Бегате од просторија полна со луѓе во иста секунда кога некој ќе кивне? Ги миете рацете секојпат откако ќе фатите квака од врата? Ве фаќа паника кога ќе се сетите на грипот од кој едвај оздравевте минатата година? Да, секогаш можете да „закачите“ вирус.

Во прилог се неколку корисни совети што ќе ви помогнат зимава да останете здрави:

-измијте ги рацете откако ќе се ракувате со некој. Впрочем, рацете секогаш треба да ги миете често и темелно, бидејќи таа рутинска постапка е доволна да не спаси од многу вируси. Покрај тоа, обидете се да не ги допирате носат и устата толку често.

-наспијте се. Ако е возможно, обидете се да одите во кревет во приближно исто време секоја вечер и да отспиете барем седум, осум часа во тек на ноќта. Ако сте преморени, вашиот организам тешко ќе се одбрани од нападот на вирусите.

-ако пушите, обидете се да го намалите бројот на цигари што дневно ги конзумирате.

-избегнувајте луѓе кои киваат. Иако тоа е многу логично и можеби се придржуваме до овој совет кога станува збор за колеги, често го игнорираме кога во прашање се нашите пријатели или семејството.

-ако користите влажни марамчиња, изберете ги тие што содржат алкохол. Можеби повеќе ја сушат кожата, но се поефикасни од обичните марамчиња. Освен тоа, повремено употребете ги да ја избришате чантата, особено рачките.

Со овие совети и со малку среќа – ќе бидете мирни до пролет.