Концерт на Балашевиќ во Арената „Борис Трајковски“

Славниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ утревечер, во 20 часот, ќе одржи концерт во ВИП Арената „Борис Трајковски“, во организација на „Авалон продукција“.  Гостувањето е во рамки на последната турнеја во која во рекордно време беа распродадени сите арени во регионот: загребската, белградската, „Зетра“ во Сарајево, „Спенс“ во Нови сад и друг.

Балашевиќ во изминатиот период ја објави својата нова книга продолжение на „Календар мог детинства“, како и фантастичната нова песна „Дно дна“, која предизвика огромно внимание низ целиот регион.

Ова е четврто гостување на Балашевиќ во Скопје.