Концертот за Тоше презакажан за 2 ноември

Концертот посветен на Тоше Проески кој требаше да се одржи на 13 октомври во ВИП Арената „Борис Трајковски“ е одложен. Новиот датум е 2 ноември, не информираа од Меѓународната Фондација „Тодор Проески“.

На концертот ќе биде промовиран и албум со нови, до сега необјавени песни од Тоше Проески. Албумот е со наслов “Secret place” и на него се наоѓаат седум нови песни на англиски јазик како и три преработки на познати хитови.

Четворицата кавадарчани, кои со велосипеди поминаа 1.100 километри  вчера стигнаа во Крушево по осум дена возење од Нова Градишка, во чест на починатата мега ѕвезда. Пред стартот на акцијата, кавадарчаните положија свежо цвеќе пред споменикот на Тоше во Нова Градишка.

– Екипа сме од четворица велосипедисти, членови на „Тиквешки точакџии” од Кавадарци. Со автомобил стигнавме до Нова Градишка. Тројца ја минуваат маршутата на велосипед, а еден го вози автомобилот назад, како техничка подршка и заради безбедност – изјави пред осум дена Ѓорѓи Белевски за МИА.

Тој го возеше автомобилот, а на велосипед се Драган Јованов, Марјан Хаџи-Мустафов и Тони Стефанов.