Концертот во Скопје на „Rag’n’Bone man“ се откажува

Авалон продукција соопшти дека од технички причини се откажува концертот на „Rag’n’ Bone man“ кој требаше да се одржи на 11 мај во арената „Борис Трајковски“.

„Од технички причини, менаџментот на Rag`n`Bone Man ги откажа сите негови концерти во овој дел на Европа, вклучувајќи ги градовите: Белград, Загреб, Софија, Скопје, Солун, Будимпешта и Истанбул.
Сите оние што имаат купено влезници за концертот на Rag`n`Bone Man, ќе можат да направат поврат на средствата онаму каде што ги имаат набавено“, соопшти на Авалон продукција.