Концертна промоција на „Homage to a dreamer“ на Гоце Стевковски Септет


Последниот албум на тапанарот и композитор Гоце Стевковски насловен како „Homage to a dreamer“ ќе биде концертно промовиран на 8 ноември во Македонската филхармонија.

Ќе бидат изведени новите теми кои се најдоа на вториот албум на овој ансамбл, а кој влезе во тесниот круг на десетте најдобри на музичката мрежа „Спотифај“ („Spotify“).

Составот Гоце Стевсковски Септет го чинат: Тодор Бакрџиев на труба, Кирил Кузманов на саксофон, Сашко Николовски на тромбон, Филип Динев на гитара, Гордан Спасовски на пијано, Кирил Туфекчиевски на контрабас и Гоце Стевсковски на тапани, а на концертот како гости ќе настапат Димитар Божиков на гитара и Филип Димишковски на клавијатури.

Критиката веќе го оцени албумот „Homage to a dreamer“ како извонредно издание кое го рефлектира талентот и инвентивноста на Гоце Стевковски, а кој зад себе има ипресивна биографија во која се запишани соработки со повеќе музички ансамбли и артисти, како и музичката индивидуалност и маестралната изведба на сите членови на Септетот.

Албумот е снимен во 2017 година во Македонската опера и балет, автор на композициите е Гоце Стевковски, а издавач е Скопскиот џез-фестивал. Концертот е во организација на Здружението на џез-музичари и слободни уметници на Македонија.

Билетите по цена од 300 и 400 денари ќе се продаваат на билетарницата на Македонска филхармонија, како и онлајн преку веб-страницата mktickets.mk.