Концертна промоција во март: Влатко Стефановски со прв акустичен албум „Мајчин јазик“

Легендарниот гитарист Влатко Стефановски лани, во ноември, го издаде својот 33. албум насловен „Мајчин јазик”. Ова е првиот акустичен албум во неговата кариера, и веднаш по издавањето се здоби со неподелени позитивни критики од балканските музички критичари и медиуми.

Со концерт на 17 март во Големата сала на Македонската филхармонија во Скопје, Стефановски ќе го промовира албумот. Специјални гости ќе бидат балканската етно-дива Билјана Крстиќ и членовите на етно групата „Љубојна“  Вера Милошевска и Оливер Јосифовски.