Конте опција за тренер на Јунајтед доколку Мурињо добие отказ

Поранешниот менаџер на Челзи, Антонио Конте станува еден од фаворитите за менаџерската функција во Манчестер Јунајтед доколку биде разрешен Жозе Мурињо.

Италијанецот беше отпуштен од „сините“ по почетокот на летните подготовки, бидејќи преговорите помеѓу клубот и неговиот заменик, Маурицио Сари, значително се оддолжија. Сепак, иднината на Конте повторно може да биде поврзана со Премиер Лигата на Англија.

Сезоната на Јунајтед не започна добро, а уште во летната пауза Мурињо изврши притисок со постојаните изјави како не ги добива посакуваните засилувања. Односот помеѓу „специјалистот“ и голем дел од тимот не е добар, и тој успеа да влезе во конфликт со рекордната аквизиција во историјата на „црвените ѓаволи“ – Пол Погба.

Според последните вести во Англија, раководството на Јунајтед е поверојатно да го разреши Мурињо отколку да го изгуби францускиот репрезентативец, кој е силно посакуван од Барселона.

Се сметаше дека Зинедин Зидан е главниот кандидат за местото на Специјалниот, но сега сепак, букмејкерите на Островот значително ги намалија коефициентите во корист на Антонио Конте – од 14/1 до само 5/1.

Еден голем плус за Италијанецот е неговото заедничко минато со Погба. Тие работеа заедно во Јувентус од 2012 до 2014 година.

Антонио Конте зеде две големи трофеи во неговите две години во англискиот фудбал. Во дебитантската сезона тој го направи шампион Челзи во Англија, а година подоцна донесе триумф во ФА Купот (против Јунајтед на Мурињо).