Комплетиран „Златниот мастерс“: Ѓоковиќ шампион и во Синсинати

САД-Во големото финале на Мастерс турнирот во Синсинати (САД), Новак Ѓоковиќ синоќа го совлада Роџер Федерер со резултат 2:0 по сетови 6:4 и 6:4. Србинот со одлична игра, за еден час и 23. минути, го освои единствениот мастерс турнир кој му недостасуваше и тоа од шестиот обид, откако загуби на претходните пет финални мечеви, трипати од Швајцарецот.

Ноле го освои вкупно 31. мастерс во својата кареира, а во меѓусебните дуели со „Федекс сега води со 24:22. Мастерсот во Синсинати се играше за награден фонд од 6,3 милиони долари.

Со победата над Федерер, Ѓоковиќ е единствен тенисер во историјата на кого му успеало да ги освои сите 9 Мастерс 1000 турнири.

Новак Ѓоковиќ ги има освоено и сите Гренд Слем титули, што го прави дополнително рекордер во тениската историја.

Со победата, Ѓоковиќ се искачи на шестата позиција на АТП листата, која ја предводи Рафаел Надал. На втората позиција е Федерер, а дел Потро е трет.