Колумбија и жолтите картони го елиминираа Сенегал

Колумбија го совлада Сенегал со минимални 1:0 во натпревар од групата Х на Светското првенство во Русија.

Јери Мина во 74-та минута со единствениот гол на натпреварот и донесе победа на Колумбија од 1:0.

Со оваа победа и вкупно шест бодови Колумбија се искачи на првото место на табелата.

Од друга страна, Јапонија и покрај поразот од Полска, се пласираше во осминафиналето, благодарение на помалиот број на жолти картони.

Јапонија и Сенегал имаат ист број на бодови по четири, како и иста гол разлика, но поради разликата во жолти картони (Сенегалците имаат шест, Јапонците четири), јапонската репрезентација е втора и обезбеди осминафинале.

Ова е прва ваква ситуација на Мундијалот во Русија.