Колинда повторно во дрес: Французите овојпат ќе плачат

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ повторно е во дрес на хрватската репрезентација. Четири месеци по Светското првенство во фудбал, каде Хрватска загуби во финалето од Франција, „коцкестите“ и „триколорите“ играат уште едно финале – овојпат во тенискиот Дејвис куп. Мечот за титулата и насловот најдобар во светот беше покана за Китаровиќ да отпатува во Франција и да најде место на стадионот во Лил, кој за оваа прилика е со капацитет од 27.000 гледачи.

„Ветив дека ќе дојдам и тука сум. Горда сум на спортистите, тие се вистински промотори на Хрватска“, изјави хрватската претседателка.

Од нејзината канцеларија соопштија дека таа самата си го финансирала патот до Франција.

Во првиот меч од финалето, Чориќ го демолираше Шарди со 3-0 во сетови.