Кога Бијонсе не личи на Бијонсе

Музеј во восочни фигури во Канада се обидел да изработи скулптура на популарната пејачка Бијонсе, но според оценките на посетителите, обидот не е најуспешен.

Имено, восочната фигура на Бијонсе во музејот од место во близина на Нијагарините водопади, воопшти не личи на ѕвездата.

Набрзо по поставувањето на фигурата, на социјалните мрежи се појавија фотографии од неа, што предизвика потсмев и критики од страна на фановите на Бијонсе.