Коачела не е само музика туку и мода: Лежерен стил за фестивал

САД– Фестивалската мода е цел еден нов стил и Коачела е местото каде најдобро се претставува.Фестивалот на музика и уметност Коачела Вели што се одржува во Индио, Јужна Калифорнија е музичка, но и модна дестинација, а годинава повеќе од кога било. Покрај забавите во споредните програми и спонзорираните павилјони, годинава има и ревии и поп-ап бутици на фестивалска територија.

Кој е Коачела стилот?

Спој на хипи и хипстер: многу реси и тенки плетеници, задолжително цветно венче или голема шапка за сонце.Најдобар пример ќе најдете ако побарате на Гугл: Ванеса Хаџинс Коачела. Овој стил ги надминува границите на фестивалот што имаше скромни почетоци во гранџ ерата во 1999 година. Бидејќи настанот се случува многу рано напролет кога голем дел од земјата уште се одмрзнува од зимата, “фестивалската мода” ги спојува пролетниот, летниот и рисорт стилот.

Коачела се смета за хит дестинација поради неколку кул елементи: еклектичен избор на музичари, локацијата е блиску до Лос Анџелес што значи дека ќе дојдат многу славни личности и публиката е закачена на Инстаграм така што целиот фестивал и неговата мода стигнуваат до светот во истиот момент.

“Милениумската генерација обожава искуства, а Коачела е една огромна, прекрасна забава. Ова е одлично искуство за нив и тие се многу возбудени”, вели Шугар. “Со денови се планира што ќе се облече. Ако некој бренд понуди нешто органски, тие ќе се закачат.”

“Коачела стана Модна недела за луѓето во Лос Анџелес и Калифорнија”, рече Кари Фајнстин, ПР агент што спонзорира “стилски павилјон” во Лос Анџелес на кој ги поврза брендовите со славните личности кои планираа да одат на Коачела.

“Станува еден вид писта на отворено, но не за висока мода. Ова е лежерен стил.”

Советот на модни дизајнери на Америка лани за прв пат го додаде фестивалот во календарот на модни настани. Шефот на советот Стивен Колб рече дека Коачела влијае врз денешната мода колку што Вудсток влијаеше во почетокот на 70-тите.

“Едноставно добро функционира тој спој на уметници и музичка разновидност”, рече тој.

“Тоа отсекогаш важело за музиката и модата. Музиката секогаш влијаела врз модата и обратно… тоа што нашата индустрија ги користи придобивките од оваа поврзаност е едноставно е природна еволуција.”

Лани Бијонсе го откажа настапот на Коачела заради бременоста со близнаците, но оваа година докажа дека чекањето се исплатеше. 6-годишната Бијонсе на сцената се појави во металик костим во египетски стил, повторно обединувајќи ги Destiny’s Childs за време на настапот. Заедно со Џеј Зи пак, ја изведоа Deja Vu.

Фестивалот завршува вечерва со шоуто на Еминем.