Книга за деца „Збороигри“ од Славе Ѓорѓо Димоски


ПНВ Публикации ја објави книгата „Збороигри“ од Славе Ѓорѓо Димоски која содржи триесетина песнички брзозборки.

Поделени се во четири циклуси: „Мали игри“, „Азбучни игри“, „Откачени игри“ и „Народни игри“ и се наменети за деца од три до девет години. Книгата изобилува со тематски илустрации кои се дело на Јулијана Величковска.

Од издавачката куќа велат дека ова е прва книга од новата едиција „Бадем“, во чии рамки ќе се издаваат наслови наменети за деца и млади.