Клоп: Поразот на Сити не значи ништо, не треба да летаме во облаци

Поразот на Манчестер Сити против Лестер не значи ништо, изјави менаџерот Јирген Клоп по победата против Њукасл со 4:0.

Неговиот тим веќе води со седум поени пред шампионите по одигрувањето на првата полусезона, но како што самиот Германец истакна – има уште толку до крајот и најважно во моментов е тоа дека Ливерпул е во сметките за титулата.

– Поразот на Манчестер Сити не значи ништо. Играме против нив наскоро, а пред тоа и со Арсенал, па разликата не изгледа толку голема. Нашата цел е да продолжиме да играме на овој начин, а не да летаме во облаци. Битно е дека сме во борбата за титулата и едноставно треба да се концентрираме. Досега само ја изградивм основата, додаде Клоп.