Клоп: Не сме фаворити против Сити

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази оптимизам по извлекувањето на ждрепката за четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Ливерпул ќе се соочат против Манчестер Сити во судир за место во полуфиналето.
– Сум кажал и претходно и тоа е вистината – често се случува да се паднеш со соседот, но немам ништо против. Го прифаќаме она што сме го добиле. Во првенството изгубивме еднаш и победивме еднаш против нив. Мислам дека пред ждрепката тие не го определија Ливерпул како најпосакуван ривал. Тоа е знак за тоа колку силни можеме да бидеме, изјави Клоп.
Фактот дека Ливерпул е домаќин на првиот натпревар, не претставува проблем за него.
– Тоа ќе биде тежок меч. Добрата вест е дека тие се тим што добро го познаваме. Тоа не е толку добро за Англија, бидејќи во полуфиналето ќе има само еден тим. Ние сепак ќе дадеме сѐ од себе, вели менаџерот.
Клоп даде мислење и за тоа кој го смета за фаворит за пласман меѓу најдобрите четири во Лигата на шампиони.
– Сигурно не сме фаворити, но во четвртфиналето нема фаворити – можеби Баерн и Барселона, но…ништо не е решено, додаде Клоп.