Клоп го сака Дракслер во Ливерпул

Премиерлигашот Ливерпул почна преговори со ПСЖ за ангажман на германскиот репрезентативец Јулијан Дракслер (24).

„Црвените“ сакаа да се засилат со Германецот во текот на летото, но тогаш до договор не дојде. Сега нивните шанси за овој трансфер изгледаат поголеми.

За трансферот лично инсистира менаџерот Јирген Клоп. Во истовреме ПСЖ е притиснат да продаде дел од фудбалерите за да може да го запази финансискиот фер-плеј.

Дракслер има потреба од поголема минутажа за да успее да си обезбеди место во националниот тим на Светското првенство во 2018 година. Во ПСЖ тешко може да се избори за статус на стандарден првотимец поради огромната конкуренција.

Оваа сезона Дракслер одигра 16 натпревари и постигна два гола за ПСЖ.