Клоп: Го имаме најдобриот нерешен резултат на домашен терен

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по нерешените 0:0 со Баерн во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, забележа дека резултатот не е посакуван, но верува во можностите на неговиот тим.

– Не ни беше денот. Отсуството на последниот пас малку ни го усложни животот. Ќе беше многу добро ако победевме ваков силен ти. Позитивниот момент во овој резултат е тоа што е најдобриот нерешен на домашен терен. Се разбира, ние не сонувавме за ова, но ситуацијата е таква каква што е. Јас не летам во облаци од среќа, но јас сум целосно задоволен.

Реваншот е на 13 март во Минхен.