„Кит кет“ прогласена за најдобра чоколада на светот

Чоколадата „кит кет“ на светски познатиот бренд „Нестле“, е прогласено за најдобро на светот, според интернет анкетата во која учествуваа повеќе од 100.000 луѓе, наведува „Индепендент“.

По „кит кет“, следуваат „твикс“, „сникерс“, „милки веј“ и „херши бар“. Меѓу првите 10 се и „нестле кранч“, „батерфингер бар“, „3 маскетирс“, „тоблероне“ и „алмонд џој“.

Најголемо изненадување е тоа што „киндер буено“ се најде на прилично разочарувачкото 29. место.

Во анкетата беа вклучени само чоколадите во облик на табла, додека оние во форма на јајце, топче, полутопче и други форми, не беа земени предвид.