Кити Спенсер во „Харперс Базар“: Убавата братучетка на принцот Хари кажа сѐ

Англија– Кити Спенсер (24), згодната братучетка на принцот Хари, по неговата кралска свадба со Меган Маркл, лани стана новата модна ѕвезда меѓу британската аристократија. Нејзината убавина и сличност со нејзината тетка, принцезата Дијана, особено привлекоа внимание кај светските медиуми.

Додека некои по венчавката на нивен роднина се разбудат уморни и мамурни и се прашуваат каде го оставиле телефонот, Кити Спенсер имала сосема друго ниво на конфузија утрото по славната свадба.

28-годишната манекенка која е ќерка на Чарлс Спенсер, братот на починатата принцеза Дајана, се најде себеси во центарот на вниманието кога пристигна во капелата „Свети Ѓорѓи“ во зелен цветен фустан. Во тој момент таа не беше свесна дека веќе следниот ден ќе се здобие со новооткриено ниво на светска слава.

„Тоа беше дефинитивно неочекувано”, вели таа за новото, пролетно дигитално издание на списанието „Харперс Базар“. „Бројот на моите следбеници на Инстаграм од 17 илјади стигна до половина милион за една ноќ. Мислев дека сум земала туѓ телефон кога се разбудив следното утро.”

„Морав да ги исклучам нотификациите бидејќи мојот телефон се „шекна“”, додаде таа. „Си помислив, дали можам да ја снимам мојата мачка и да ја ставам како моја Инстаграм приказна?“

Тоа беше само почетокот на низа нереални искуства за младата наследничка. Русокосата убавица се потсети на еден посебен момент за време на Миланската модна недела во септември.

Добивајќи шанса да зачекори на пистата заедно со светски ѕвезди како Наоми Кемпбел и Хелен Кристенсен, таа го опиша ова чувство како „лудо”.

„Сите стоевме на сцената, а јас бев сосема на крајот”, објаснува таа. „И кога се отворија завесите, тие требаше да светнат во центарот на вниманието и сите мораа да застанат во нивната поза, но бев толку зафатена зјапајќи со воодушевување во овие божици, само стоев и гледав во нив. Целосно заборавив да застанам во била каква поза што би ме направила фотогенична или пригодна за фотографирање”.

“Се чувствувам како да сум се протнала од задната врата и никој сѐ уште не забележал”, додаде таа. „Така се чувствувам, особено на манифестации. Цело време мислам дека ова е потенцијално краткорочен и навистина возбудлив момент, па јас се обидувам да го запаметам каков што е. И тогаш кога ќе заврши, само сакам да бидам благодарна, бидејќи тоа беше нешто што никогаш не ни замислував дека може да ми се случи”.

Всушност, зачекорувањето на пистата во Милано и појавувањето на кориците на американските модни списанија, веројатно било далеку од тоа што Спенсер некогаш го замислувала кога мила мало девојче што израснало во Јужна Африка.

Навраќајќи се на нејзиното детство, таа рече дека се чувствува среќна што пораснала во место што е „толку слободно, природно и опуштено”.

Природата е важен квалитет за Спенсер – таа, исто така, зборуваше за важноста да не се обидуваш да го промениш своето тело за да одговара на стандардите кои често се очекуваат од моделите, а наместо тоа “да ги прави сите работи по нејзини сопствени услови”.

„Не верувам дека е моја обврска да гладувам за да можам да влезам во одредено парче облека”, вели таа. „Ако сум се согласила да направам нешто за одреден бренд или што и да е, јас се грижам за себе, но таа грижа не е опсесивна или нездрава. Ако брендот сака да соработува со мене, и мислам дека нивните дизајни изгледаат добро на мене, тогаш тие можат да ги направат во моја големина.”

Во „Харперс Базар“ Кити проговори и за нејзиниот љубовен живот.

„Јас сум навистина среќна. Отсекогаш сум имала навистина прекрасни, директни момчиња”, вели таа. „Секогаш кога се случува нешто возбудливо во мојот живот, или тажно, сериозните момчиња што ги имав секогаш биле првите стапувале во контакт и првите што ми пружале поддршка. Немам желба да се заинтерсирам за некој кој е премногу комплициран или не е достоен за доверба…Мажите со кои сум била биле љубезни и сѐ уште се. И тоа е прекрасно, бидејќи тоа е како поголема форма на пријателство на некој начин.”