Китановски стрелец против Хајдук

Македонскиот интернационалец Томе Китановски го постигна единствениот погодок за неговата Истра 1961 во поразот против сплитски Хајдук во 16. коло од хрватското фудбалско првенство.

Популарните „били“ славеа со 3-1, по што се искачија на второто место од табелата, но со големи 12 поени помалку од загрепски Динамо. Истраните се претпоследни со 13 поени.