Кејт Мидлтон : Целата во кралски накит

Англија– Принцезата од Кембриџ на банкетот во Бакимгенската палата во чест на кралската двојка од Холандија Вилијам –Александер и Максима, блесна со кралскиот накит: Тијарата на принцезата Диана „Ловер нот“ од дијаманти и бисери, дијамантскиот ѓердан на мајката на кралицата Елизабета Втора, и со кралски семеен брош во жолта боја, подарок од кралицата Елизабета Втора, кој се дава на женските членови на кралското семејство. Досега го носеле принцезата Софи, Камила, војвотката од Корнвел и принцезата Дајана.

Кејт освен со накитот, изгледаше кралски  и со сината вечерна тоалета на „Александер Меквин“.