Кејт Мидлтон во болница, Англија го чека третото кралско дете

Англија– Светските медиумите јавуваат дека војвотката од Кембриџ рано изутрината стигнала во болницата Сент Мери во Лондон, каде се породи и минатите два пати. Кејт стигнала заедно со својот сопруг, принцот Вилијам.

-Нејзиното кралско височество, војвотката од Кембриџ е примена во болницата Сент Мери рано изутрината поради породување, соопштуваат од Кесингтонската палата.

Пред болницата уште рано изутрината се собираат фанови на кралското семејство во исчекување на новото кралско дете.

Третото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ќе биде петто во редот за наследство на кралската круна.

Обложувалниците најголеми шанси им даваат на имињата Алис, Мери, Александра, Елизабет доколку биде девојче, а Артур, Алберт, Фредерик и Џејмс за момче.

Дека кралскиот пар очекува трето дете, јавноста дозна во октомври минатата година. Првата бременот беше објавена кога Кејт беше само неколку недели во бременост, откако беше примена во болница во декември 2012 година.

Малиот принц Џорџ е роден на 22 јули 2013 во болницата Сент Мери во центарот на Лондон. Втората бременост беше објавена во септември 2014 кога војвотката по неколку мачнини беше третирана во палатата. Принцезата Шарлот е родена на 2 мај 2015.