Кејт и Вилијам и Меган и Хари заедно ќе го слават Божик

Англија– Кејт и Вилијам и Меган  и Хари заедно ќе го слават Божик, потврдиле од кралското семејство. Двојките за Божик ќе и се придружат на кралицата Елизабета Втора во Сандрингам хаус во Норфолк, пренесуваат англиските медиуми.

Се очекува кралската четворка да ја следи германската традиција на отварање на подароците за Божик, и ќе имаат заеднички доручек со кралицата, принцот Чарлс и Камила, војвотката од Корнвол.

Со тоа, сите шпекулации дека браќата и нивните сопруги не се трпат, испаднаа дека не се точни.