Кети Пери и Орландо Блум се смирија: Се сретнаа со папата Францис во Ватикан

Италија– Пејачката Кети Пери и нејзиното момче, актерот Орландо Блум, со кого беа одделени некое време, се на одмор во Рим, па дури и се сретнаа со папата Францис, пренесе „Пипл“.

Двојката присуствуваше на четвртата годишна конференција „Обединети за лек“ во Ватикан, каде што разменија неколку зборови со папата. Кејти и Орландо целосно го исполнија задолжителниот дрес-код на Ватикан, откако се појавија облечени целосно во црно.

32-годишната пејачка и 42-годишниот актер излегуваа 10 месеци и се чинеше дека се многу среќни, но во февруари минатата година година одеднаш се разделија и одлучија да останат само пријатели. 11 месеци подоцна, гласини почнаа да се шират дека двојката повторно е заедно, што подоцна беше потврдено.