Квалификации за ракометното СП 2018: Младинките поразени и од Литванија

Младинската ракометна репрезентација на Македонија во женска конкуренција доживеа пораз и на вториот меч во квалификациите за Светско првенство откако денеска беа поразени од селекцијата на Литванија со 26:27 во квалификацискиот турнир за пласман на СП 2018.

Ова е втор пораз за „црвено-жолтите“, по вчерашниот против Исланд (35:20).

Нашите репрезентативки одиграа едно добро полувреме кое го добија со 14:10, но во продолжението од мечот не успеаја да го задржат истиот ритам.

Во последната минута не успеавме да се избориме ни за реми, па на крајот Литванија оствари победа.

Македонија третиот натпревар од групата го игра против Германија, со што ќе ги заврши квалификациите за пласман на Мундијалот.