Кај маж од Косово запленети 15 килограми марихуана

Во реонот на Полициската станица за граничен надзор „Блаце“, вчера околу 20:00 часот кај местото „Терминал“, полициски службеници го лишиле од слобода и привеле Ф. Д. (33) од село Пустеник, Косово, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Како што соопшти МВР, полициски службеници го забележале лицето како се движи од Косово кон Република Северна Македонија и при преглед кај него, во вреќа, биле пронајдени 14 пакувања со околу 15 килограми марихуана.

Лицето било предадено во Полициската станица Бит-пазар за понатамошна постапка, а дрогата била одземена и дадена на вештачење.

По целосно документирање на случајот, СВР Скопје – Еденица за недозволена трговија со дрога и оружје ќе поднесе соодветна пријава.