Кајперс ќе суди на дуелот Баерн – Реал Мадрид

Првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид ќе суди холандскиот судија Бјорн Кајперс, соопшти УЕФА.
Кајперс судеше на финалето во Лигата на шампионите меѓу „кралевите“ и Атлетико Мадрид во 2014 во Лисабон.
Оваа сезона тој делеше правда во меч од групната фаза помеѓу мадридскиот тим и Борусија Дортмунд – 3:1.
Кајперс беше судија и во три натпревари на Баерн Минхен.
Главен судија во полуфиначниот натпревар меѓу тимовите на Ливерпул и Рома ќе биде Германецот Феликс Брих.