Кајли Џенер само со балзам за усни на насловницата на австралискиот „Вог“

Австралија- Најмладата милијардерка Кајли Џенер (22) ја краси насловницата на септемвриското издание на австралискиот „Вог“. Насловницата и ја истакнува природната убавина, нашминкана е само со балзам за усни од нејзината козметичка линија.„Вог“ донесува интервју со Џенер која одговара на милијарда прашања, како алузија на нејзиниот бизнис статус.

За своите скромни 22 години, Кајли успеа да ја смени 575 пати својата фризура, да стане мајка, да создаде сопствена бизнис империја и да се претвори во една од најпознатите жени на планетата.

Економскиот магазин „Форбс“ неодамна ја објави листата на најбогати жени во Америка кои сами го стекнале богатството, а многумина се изненадија кога ја видоа Кајли Џенер на листата.

22- годишната ѕвезда од Кардашијан-Џенер кланот „тежи“ 900 милиони а растот на богатството ја прави најмладата милијардерка во светот, титула која некогаш ја носеле Марк Закерберг и Бил Гејтс.

Иако е најмлада од сите сестри, таа се најде на насловната страна на „Форбс“ и успеа да ја надмине дури и полусестрата Ким Кардашијан чие богатство е проценето на 350 милиони долари.

Нејзината компанија за козметика, Kylie Cosmetics, за 2 години продала шминка вредна 630 милиони долари. Таа поседува 100% од компанијата, а најголем дел од работата и рекламирањето се случува на социјалните мрежи, каде има лесен пристап до фановите и купувачите.

Направи милиони со учеството во семејното ријалити шоу „Keeping Up With The Kardashians“.

Во октомври, 2017-та, Кардашијан-Џенер добиле 150 милиони долари за да го продолжат договорот, но не се знае како се поделени парите. Плус, во 2017-та таа стана дел и од шоуто посветено за неа, „Life of Kylie“.