Кајли Џенер и Тревис Скот: Провокативна насловница за „GQ“

САД– Кајли Џенер, најмладата милијардерка според „Форбс“ позираше со својот дечко Тревис Скот за насловницата за августовското издание на престижниот магазин „GQ“. Кајли од кланот Кардишан-Џенер е една година во врска со раперот Скот и ја имаат петмесечната ќерка Сторми.

„GQ“ донесува ексклузивна сторија за нивната врска и за лузната на нога која Кајли не ја сокрила додека позирала. Лузната и е од повреда додека била дете.

Откако „Форбс “објави дека Кајли Џенер е на пат да стане најмладата милијардерка која самата ги стекнала парите, нејзините фанови се организираа да соберат уште 100.000 долари и да и помогнат да го зголеми своето богатство.Брендот за козметика, која го основа Инстаграм ѕвездата, проценет е на 900 милиони долари.

Овој потег на „Форбс“ наиде на бројни критики, бидејќи Кајли потекнува од богато семејство, и нејзините пари, која таа сама ги заработила, се под знак прашање.