Кајли Миног прозборе за приватниот живот: Никогаш нема да имам деца

Австралија- Иако таа е најплатената австралиска ѕвезда и е една од најуспешната музичка ѕвезда во Холивуд, Кајли Миног има навистина бурен приватен живот. Кајли повторно е изневерена и оставена од 19 години помладиот вереник, британскиот глумец Џошуа Сас.

“Бев скршена и само сакав сè да престане. Знаев дека треба да се опоравам. Моето здравје беше згрозено и мислам дека имав нервен слом”, вели за магазинот “The Sunday Times”.

Кајли ја земала својата пријателка и отишле двете на Тајланд со цел да се опорави и да избега од сите проблеми. Таа сфатила дека не треба да му прости на својот поранешен вереник ниту пак да биде повторно со него иако сакале да основаат семејство.

Во спротивно таа одлучила дека никогаш нема да раѓа деца. “Не е возможно, а да не се запрашате како би изгледало тоа доколку имав дете. Но, од оваа перспектива сè повеќе верувам дека тоа мене нема да ми се случи”, рекла Миног.

“Непосредно после раскинувањето мислев дека никогаш повеќе нема да му верувам на мажите, а со текот на времето сфаќате дека животот продолжува. Сакам да сум заљубена и не губам надеж. А дали мојата следна врска ќе успее? Можеби нема, но ќе ѝ дадам можност”, откри за “The Sun”.

И покрај тоа што за сè искрено одговори, Кајли не кажа ниту еден лош збор за поранешниот вереник.

“Не би било фер кон него”, вели таа.

Кајли и Џошуа биле во врска од 2015 година, а се вериле после неколку месеци. Крајот на врската следувал после три години врска.