Катица Јанева: Четворица судии имаат нарушен кредибилитет

Специјалната обвинителка Катица Јанева во интервју за Алсат одговара на дилемите, дали некој од судиите посочени во нивниот посебен извештај треба да биде разрешен.

Според неа, четворицата кои Специјалното обвинителство ги наведе имале нарушен морален кредибилитет. Таа очекува Апелацискиот суд да ја потврди првостепената пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски од две години затвор.