„Катимерини“: Филип Рикер нов помошник државен секретар на САД

Поранешниот американски амбасадор во Скопје, Филип Рикер е новиот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, објави грчкиот весник „Катимерини“, без притоа да е наведен изворот на информацијата, јави МИА од Атина.

Според грчкиот весник, Рикер доаѓа на местото на Вес Мичел, а должноста ќе ја презеде во март.

Од 2014 до 2017 Рикер работеше како генерален конзул на САД во Милано , Италија . Од 2017 до сега работи во Американската воена команда за Европа (ЕУКОМ) во Штутгард , Германија.