Катастарските услуги се намалуваат од 28 до 90 отсто

Владата на денешната седница ја усвои информацијата на Агенција за катастар на недвижности за изменување и дополнување на Тарифникот за висина на надоместокот за повеќе услуги на катастарот.

Како што соопшти владината прес-служба, со предложените измени, цените на услугите на Агенција за катастар на недвижности за различни услуги се намалуваат од 28 до 90 отсто.