Карпош – домаќин на светската шаховска елита

Осмото издание на Меѓународниот шаховски турнир Карпош Опен 2018 се отвори вечерва. Повеќе од 160 натпреварувачи, од повеќе земји во светот во следните осум дена ќе водат битка за „најсјајните“ одличја и награди во овој спорт.

Во хотелот „Александар Палас“ каде што следната недела ќе се одржува овој реномиран шаховски турнир забележително беше присуството на многу млади натпреварувачи, карпошани, кои со своите осум или девет години ќе се „борат“ рамо до рамо со поискусните и поафирмирани шаховски имиња до Македонија и од светот..

Турнирот го отвори градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој меѓудругото го повлече и првиот потег на шаховската табла со што го означи и официјалниот старт на годинешното издание на Карпош Опен 2018.

„Општина Карпош е еден од главните покровители на овој настан и навистина голема е честа да бидеме центар на шаховската елита, место каде што овие денови се спојуваат младоста, искуството, талентот, напорната работа и шаховското велемајсторство“, рече Богоев.