Карпа урна ѕид од куќа во Велес

Одрон од карпа и земја турна ѕид од куќа во Велес.

Како што соопшти МВР, вчера во 14 часот М.К.(34) во СВР-Велес пријавил дека на улицата „Коле Цветков“ дошло до одрон на карпа и земја од задниот дел од куќата, сопственост на неговиот татко Д.К.(60).

Карпата турнала ѕид од куќата и дел од гаражата. За настанот бил известен Центарот за упправување со кризи.