Карл Лагерфелд и Каја Гербер со капсулна есенска колекција

САД– Каја Гербер, ќерката на супермоделот од 90-те години, Синди Крафорд, соработуваше со прочуениот дизајнер Карл Лагерфелд, а резултатот е ексклузивна есенска капсулна колекција.

16-годишната Гербер работеше на линијата за облека, модни додатоци и накит заедно со дизајнерот. Колекцијата ќе биде пуштена во продажба на 30 август.

Моделите се младешки, кежуал и спортиски, но има и елегантни дизајнерски решенија.