Карло Тавекио ја напушти претседателската фотелја во фудбалската федерација на Италија

Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ) остана и без претседател. Соочен со силниот притисок во домашната јавност по неуспехот на репрезентацијата да се пласира на мундијалот во Русија, Карло Тавекио (74) поднесе оставка на функцијата.

Од истата причина претходно оставка поднесе и селекторот Џанпјеро Вентура кој спогодбено го раскина договорот со ФИГЦ за што доби и големо обесштетување.

Тавекио беше на чело на италијанскиот фудбал од 2014 година, а во март оваа година беше реизбран за претседател на ФИГЦ.